За нас:

За нас:

Компанијата ТИМСТ е основана 1991 год. Регистрирана е за проектирање и производство на печки и камини. Производниот погон и седиштето на ТИМСТ се лоцирани во Индустриска Зона Струга. Во негов состав се наоѓа и изложбен салон I во Струга, а изложбениот салон II се наоѓа во Скопје.

ТИМСТ брои 20 вработени, високо квалификуван персонал, како и професионални дизајнери од таа област кои континуирано учат и се подобруваат. Постојано го истражуваме пазарот и потребите на потрошувачите со дизајнирање и конструирање на нови типови и модели на печки и камини.

Користиме најсовремена технологија за обработка на метал за да можеме максимално да се доближиме до Вашите потреби, истовремено грижејќи се за Вашата безбедност. Сите вградени материјали се со сертификат. Изолационите материјали кои ги вградуваме се исклучиво со сертификат и класа А1 (CE- and A1-certified, 100% non-combustible material). Bградуваме внатрешна облога во камините – вермикулит (материјал кој издржува 1100 C0, веднаш ја рефлектира топлината кон надвор, лесно се одржува и заменува).

Нудиме брза услуга, од понуда до реализација и испорака на стандардни модели или модели по Ваша мерка. На барањата на клиентите и во двете продажни места одговараме со:

  • Излегување на терен и земање мерки,
  • Предлог решение и 3Д презентација,
  • Писмена понуда.

Располагаме со резервни делови на лагер во секое време. Нудиме сервис со одржување на цела територија на Република Македонија.

Мисијата на ТИМСТ е: да ги загрееме домовите и срцата на корисниците на нашите производи.

Визијата на ТИМСТ е со постојано инвестирање во развој на компанијата и во иновации се стремиме да прераснеме во водечка фирма за дизајнирање и производство на камини и печки во регионот.

Тим Струга:

Спасе Шикоски

Генерален Менаџер

Иван Трифункоски

Машински Инженер

Мирјана Трајковска Шикоска

Извршен Директор

Борче Гроздоски

Производство

Благуна Цакареска

Финансии

Тим Скопје:

Јоана Шикоска

Маркетинг и Продажба

Зоран Павлески

Архитект

Маја Зафировска

Архитект